Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: „Студентскиот пленум“ ќе маршира повторно в петок!

НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: „Студентскиот пленум“ ќе маршира повторно в петок!

Од „Студентскиот пленум“ најавија нов уште помасовен студентски марш кој ќе се одржи во петок во 14 часот.

„Изгледа дека она што владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и премиерот пред камери. покрај сите "јавни дебати", свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на Студентскиот Пленум како и на самите универзитети, ние не се откажуваме, велат од „Студентскиот пленум“!

Тие упатуваат повик до сите граѓани да излезат заедно со нив во петок на маршот и заедно да си го вратат образованието назад. „Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери да не дозволиме овој монолог на владата да продолжи! Студенти, да си го освоиме образованието назад“, повикуваат студентите. „Ова е моментот кога треба да искажеме револт не само поради лошите реформи, туку и затоа што сопствената држава без срам не игнорира, дрско ни се потсмева, невешто не заокружува. Затоа во петок, сите на протест! Помасовно, побунтовно и покреативно, затоа што сите заедно сме посилни, се вели во соопштението на официјалната страна на Студентскиот пленум на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести