Не само за името, лидерска средба е потребна и за Буџетот!
Пратеникот Изет Зеќири од НДП побара лидерска средба за да се одблокира процесот на донесување на буџетот за 2013 година, кој заглави во амандманската расправа на Комисијата за финасирање и буџет.
Зеќири смета дека е потребна суштинска дебата за буџетот, пред се за непродуктивните трошења и задолжувањето, кои Македонија ја носи во неизвесна иднина. Клучно е дека продолжува задолжувањето за Скопје 2014, вели Зеќири, и оти во таква ситуација Македонија се судира на концептуален план за иднината на Буџетот.
- Бидејќи буџетот освен економска има и политичка и правна функција. во оваа ситуација кога во Комисијата за финасирање и буџет има проблеми кои произлегуваат од отпорот на власта да ги прифати амандманите на опозицијата, Буџетот мора да се донесе со консензус. Затоа предлагаме да се одржи лидерска средба на која лидерите ќе се договорат за начинот на конципирање и трошење на буџетот – вели пратеникот Зеќири.
