НЕ САКАЛЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ, НИТУ ДА СЕ ТЕСТИРААТ, ТОА БИЛО ПОЛНО И ПОНИЖУВАЧКО - први случаи на откази во Хрватска
На четворица вработени во Центарот за рехабилитација „Станчиќ“ во Хрватска им биле прекинати договорите за работа бидејќи одбиле тестирање, што е услов за доаѓање на работа во системот на социјална заштита и здравствена заштита, пишува „Јутарњи лист“.
Ова се први откази поврзани со одлуката на Националниот штаб за цивилна заштита, според која од 4 октомври сите вработени во здравствените и социјалните установи по пристигнување на работа задолжително треба да приложат дигитален сертификат за ковид, со кој ќе докажат или дека се вакцинирани или го прележале вирусот, а во спшротивно се бара да се тестираат два пати неделно.
Логопед, психолог, дефектолог и еден вработен во техничкиот персонал веќе еден месец го одбиваат тоа што ги чинело работа. Тие, пак, сметаат дека состојбата со потврдите за ковид е апсурдна и незаконска, затоа што ги нарушува нивните уставни права, договорите за работа и многу други законски прописи. Тврдат и дека не се согласуваат на тестот затоа што постапката била болна, нечовечна и омаловажувачка, а неколку нивни колеги се здобиле со повреди при честите тестови и сега имаат чести главоболки и крвавење од носот, за што било пријавено и кај лекарите.
Претседателката на Работничкиот совет Станчиќ и член на Извршниот одбор на Синдикатот на работниците од социјалната заштита, Жуборка Кадоиќ изјавиле дека Работничкиот совет го поддржал раководството во одлуката за отказ. Велат дека неколку пати разговарале со вработен кој е единствениот од четворицата и член на синдикатот, но тој бил решен да одбие тестирање.
„Сметаме дека ситуацијата е сериозна, а оние кои работат со чувствителни луѓе мора да бидат особено внимателни. Тестирањето е најмалку што може да се направи. Всушност, мислам дека употребата на сертификати за ковид треба да биде поширока од социјалната грижа и здравјето“, вели Кадоиќ. Тој додава дека им е жал затоа што најчесто тоа се млади луѓе, но мислат дека згрешиле.
Јутарњи лист неофицијално дознава дека наскоро ќе добијат отказ деветмина вработени во КБЦ Загреб. Отсуството од работа повеќе нема да се толерира, па Управата намерата за разрешување ја испратила до Работничкиот совет кој треба да биде објавен до крајот на неделата.
Извор: Јутарњи лист.хр
