Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ПРАШУВААТ ЗА ЦЕНА: Каде на Балканот, Арапите плаќаат дебело за земја?

НЕ ПРАШУВААТ ЗА ЦЕНА: Каде на Балканот, Арапите плаќаат дебело за земја?

Арапите се обидуваат да купат големи површини земјиште на подрачјето на Мостар, а посебно им е интересен јужниот дел на градот, пишува „вечерњи новости“.

Еден од жителите на Мостар вели дека купувачите од арапско потекло му понудиле 700 000 марки (околу 350 000 евра) за куќа од 100 метри квадратни и нешто земја околу неа.

Слични понуди добиваат и останатите жители на јужниот дел на Мостар, без разлика на тоа дали се Хрвати или Бошњаци.

Арапските купувачи не бараат само куќи и градежно земјиште, туку и земјоделско земјиште, што го потврдува фактот дека пред неколку дена за земјоделско земјиште помеѓу Мостар и Читлук понудиле за 40 отсто поголема цена од реалната.

Мостар не е единствен случај. Имено, Арапите во последните година дена купуваат објекти и земјиште на разни локации во БиХ. За да би можеле да купат земја тие отвораат фирми, често фитивни, или ангажираат локално население како фиктивни сопственици.

И на подрачјето на Сараево луѓето од арапските земји купиле многу објекти, а малкумина се оние кои ги одбиваат нивните понуди за купување, со оглед на тоа дека купувањето, по правило го плаќаат далеку над пазарната вредност. Во некои случаи сопствениците добивале дури и дупло повеќе од реалната цена.

Слично

Поврзани вести