НЕ ПОПУШТА: Ердоган го повтори ултиматумот кон ЕУ за визите
Договорот за бегалците е со јасен услов - безвизен режим за турските граѓани и ако тоа не биде исполнето, Турција нема да прифаќа мигранти назад.
Ова го изјави претседателот Реџеп Ердоган пред италијанската државна телевизија RAI.
Тој потсети и за кажаното од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој го постави истиот услов.
„Турција инсистира ЕУ да воведе безвизен режим за нејзините граѓани не подоцна од средината на октомври, во спротивно договорот за бегалците ќе биде мртов. Ако не дојде до либерализација на визниот режим, ќе бидеме принудени да се откажеме од спроведувањето на договорот од 18 март за враќање на бегалците“, изјави Чавушоглу пред германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг “ со предвид дека Анкара очекува ЕУ да наведе и конкретен датум за елиминацијата на визите.
Денес на Твитер тој и министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц разменија остри реплики, а Чавушоглу истакна дека ова не е ултиматум. ЕУ се обврза да бидат забрзани преговорите за пристапување на Турција, но вети безвизно движење на турските граѓани во Шенгенот, изјави Ердоган.
Ердоган вели дека неуспешниот обид за државен удар од 15 јули е „сценарио напишано надвор“ од Турција.
Во својот говор, емитуван на телевизија, тој исто така го обвини Западот во обезбедување на поддршка за теророт и организаторите на обиди за неговото соборување од власт. Ова е една од најострите напади спрема западните сојузнициNW . „За жал, Западот го поддржува теророт и застанува зад пучистите“, рече шефот на државата во телевизиска говор. „Оние кои си замислувавме дека се наши пријатели, стојат зад пучистите и зад терористите“, додаде тој.
