НЕ ПИЕМЕ МНОГУ ПИВО: Секој Македонец по 34 литри!
Европејците и натаму го обожуваат пивото, покажа истражувањето на Еуромонитор Интернешенал, спроведено на барање на компанијата „САБМилер“, втор по големина производител на пиво во светот.
Истражувањето опфатило 80-тина земји од целиот свет, а Македонија е некаде во долниот дел од табелата со испиени 34 литри по глава на жител.
Првото место на листата неприкосновено го држат Чесите со дури 143 литри пиво по глава на жител. На Балканот, најмногу пиво се пие во Романија - 90 литри по глава на жител, Хрватска - 82 и Србија - 72 литри.
Најмногу пиво купиле Кинезите - неверојатни 54 милијарди литри, но доколку тоа се подели на бројната популација во оваа земја испаѓа дека секој Кинез пие само по четири литри пиво.
Листата на земји со испиено најмногу пиво по глава на жител изгледа вака:
1. Чешка - 143 литри
2. Германија - 110 литри
3. Австрија - 108 литри
4. Естонија - 104 литри
5. Полска - 100 литри
6. Ирска - 93 литри
7. Романија - 90 литри
8. Литванија - 89 литри
9. Хрватска - 82 литри
10. Белгија - 81 литар
Доказ дека Европа ужива во овој пијалок е што сите 10 земји на врвот на листата се европски. Меѓу 10-те земји кај кои е забележан најголем раст на продажбата на пиво, пак, седум се муслимански, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија и Иран.
Слично
