Не одете утре на Бит Пазар, пазарџиите штрајкуваат
Утре од 11 до 13 часот пазарџите од скопски Бит Пазар излегуваат на протест кај клучката кај Бит Пазар.
Како што стои во нивното соопштение, утрешниот протест бил потикнат од три причини - непочитувањето на рокот од општина Чаир да се изгради затворен пазар, понатамошното работење на дивите пазарџии и нерегулираните односи со „Скопски пазар“.
Тие преку соопштение појаснија дека на ваков чекор се решиле поради немањето слух од страна на надлежните и целосното игнорирање на нивните проблеми.
Слично
