Не очекува топол и сончев викенд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималните дневни температури денеска ќе бидат во Скопје 27 степени, Маврово 20, Берово 22, Охрид 23, Битола 25, Дојран 29, Кавадарци 28, а УВ индексот ќе биде 8.
Во наредните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури утре ќе се движат од 25 до 32 степени, во недела од 26 до 33, а в понеделник 27 до 34 степени.
Слично
