Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не очајувајте, златото се враќа во игра!

Не очајувајте, златото се враќа во игра!
Последните неколку години не беа добри за сопствениците на злато. Откако го достигна врвот од 1 923.70 долари за унца во септември 2011 година, златото загуби речиси 40% од својата вредност. И ако златото не поевтини драматично во текот на оваа година, тоа сигурно не успеа да врати дел од својата вредност. Но, според Џорџ Геро од RBC Capital Markets се очекува во 2015 година трговијата со благородни метали да оживее. "Падот од 1 900 до 1 150 долари е сериозен и тоа беше рефлектирано од средствата кои избегаа од златото и се свртеа кон поефективните средства, без разлика дали станува збор за акции или долг и тоа продолжува", изјави Геро. Во 2014 година златото не беше поттикнато од растот на доларот. Зелените пари покажаа сериозна сила спрема другите валути, што ја намали атрактивноста на златото. Главната причина луѓето да купат злато е противењето на потенцијална инфлација, но при намалувањето на стравувањата од инфлација златото станува помалку атрактивно. Геро признава дека "Продажбата на сурова нафта и можниот недостаток на акции од страна на ОПЕК и помага на суровата нафта да остане слаба, што е анти-инфлациски - така што луѓето кои очекувале инфлација навистина не ја пронашле". Тој, сепак, додава дека "сега ќе почнеме да гледаме некои промени врз основа на сите иницијативи во Европа, Кина и Јапонија". Значи, колку високо може да стигне златото? "Очекувам 1 300 до 1 400 долари за унца по една година", рече тој. Во декември 2013 година Геро предвиде дека златото ќе се издигне над 1 300 долари во првиот квартал на 2014 година. Оваа прогноза се исполни, откако златото достигна 1 400 долари на крајот на март. К.К.
Слично

Поврзани вести