НЕ МОЖЕМЕ ОД ДЕНЕСКА ЗА УТРЕ ДА НАЈДЕМЕ ЗАМЕНА ЗА РУСКИОТ ГАС И НАФТА - Олаф Шолц со писмено признание
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин.
„Германија е меѓу оние земји од ЕУ кои се во голема мера зависни од увоз на гас, нафта и јаглен од Русија. Берлин работи на развивање алтернативи за руската енергија. Но, тоа не може да се постигне од денеска за утре“, истакна Шолц.
Додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вчерашното интервју за телевизијата Ен-Би-Си изјави дека САД и европските партнери размислуваат за забрана на увоз на руска нафта.
Слично
