НЕ МОЖЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕМЕ - СРБИ ЗАРОБЕНИ ВО КАБУЛ: На аеродромот се слуша пукање, состојбата излезе од контрола
Двајца државјани на Србија, Марко Прибак и Александар Цвејиќ, кои се во Кабул каде чекаат некако да ја напуштат земјата, за Х1 изјавија дека се слушаат истрели околу аеродромот и дека ситуацијата е хаотична. Тие чекаат амбасадорот да се договори со земја која ќе ги стави на списокот за евакуација.
Да потсетиме, американските војници испукаа предупредувачки истрели во воздух на аеродромот во Кабул за да спречат стотици цивили да влезат на пистата на аеродромот, рекоа официјални лица.
„Толпата е надвор од контрола. Истрелите се испукани за да се избегне хаос“, изјави неименуван службеник.
Ситуацијата се менува од минута во минута, талибанските сили влегоа во градот без никаков отпор, започнаа некои преговори и претседателот се повлече, раскажа Александар Цвејиќ.
Тој наведува дека цивилниот дел од аеродромот е затворен, и дека околу 2.000 Авганистанци од воената страна се обидуваат да влезат, со цел да ја напуштат земјата. Денес, имаше упад на вооружен локалец на аеродромот, наведува тој, додавајќи дека е можно да е убиен.
Овие двајца српски државјани работат во Авганистан за меѓународна компанија.
„Се обидовме да земеме билети за комерцијален лет во последните шест дена, и се беше откажано 24 часа пред полетување. Немаме билети и можност да ја напуштиме земјата со комерцијални летови“, вели Цвејиќ.
Тој вели дека се во контакт со амбасадорот на Србија од Њу Делхи, Синиша Павиќ, кој од вчера се обидува да им помогне. Како што пренесуваат, од него дознале дека има само уште еден српски државјанин во Кабул.
Извор и фото: Блиц.рс и Н1
