Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не може од Србија да се прави газда на Балканот, вели Комшиќ

Не може од Србија да се прави газда на Балканот, вели Комшиќ

Не може од Србија да се прави газда на Балканот, вели претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ. Смета дека сите земји треба да имаат ист третман. 

Тој изјави дека поддршката на германската канцеларка Ангела Меркел на политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ е „лош сигнал“.

„Нема дилема дека на институциите во Берлин им недостасуваат некои информации, само е прашањето што е целта на таа политика. Ако е целта да се прави од Србија регионален шеф, тоа нема да помине. Можеме да бидеме еднакви и само на таа основа можеме да разговараме. Нема повеќе газди на Балканот“, кажа Комшиќ.

Меркел беше во посета на Белград и Тирана. 

Коментирајќи ја прошталната посета на регионот на канцеларката Ангела Меркел, Флоријан Бибер, професор во Центарот за југоисточни студии на Универзитетот во Грац, оцени дека главна порака што Ангела Меркел би сакала да ја испрати е дека се надева дека Западен Балкан ќе остане важна тема за Германија по изборите, јави дописникот на МИА од Белград.

фото EPA-EFE

Слично

Поврзани вести