Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не може да бидеме робови седум дена во неделата, порача Димовски од ССМ

Не може да бидеме робови седум дена во неделата, порача Димовски од ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска организираше протест во главниот град и порачаа дека не можат да бидат робови седум дена во неделата. 

ССМ бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата и повлекување на претставката за недела неработен ден од Уставниот суд.

„Ќе блокираме сѐ и многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк, а тоа значи прекин на работата за време на работното време. Ако ние трпиме штета и вие ќе трпите штета“, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски. 

Како што истакна Димовски, овие барања треба да се исполнат што поскоро. Протестот заврши пред Владата. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести