НЕ МОЖАТ ДА КУПАТ НИТУ ОСНОВНИ НАМИРНИЦИ: Огромен процент од Венецуелците се сиромашни
Според извештај на Обединетите нации, речиси 82 отсто од жителите на Венецуела живеат во сиромаштија, а 53 отсто се екстремно сиромашни и не можат да ги купат основните намирници.
Откако третпат стана претседател, Мадуро вети дека ќе воспостави мир и најави период на раст во кој економијата веќе нема да зависи од приходите од нафта. Години лошо управување, намалување на цените на нафтата и американските санкции го намалија производството на сурова нафта во Венецуела, но речиси 60 отсто од приходот на земјата дојдоа од нафта во 2024 година.
Валутата претходните години девалвираше. Граѓаните во очај ограбуваа продавници.
САД долго време го обвинуваат Мадуро дека предводи меѓународна организација за трговија со дрога, што тој го негира. Вашингтон притоа понуди награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсење.
foto printskrin youtube
