НЕ МИРИСА НА ДОБРО: Грците се потешко до работа!
Невработеноста во Грција повторно расте бидејќи во последното тримесечие на минатата година била на 23,6 отсто, за еден отсто повеќе отколку во претходниот квартал.
Грчката статистичка служба соопштила денес дека во периодот октомври-декември имало околу 1,12 милиони невработени луѓе, додека во третото тромесечие се регистрирани невработени околу 1,09 милиони луѓе.
Грција има највисока невработеност во Европската унија после финансиската криза која таа земја ја тресе веќе седум години, со рекордни 27,8 отсто невработени, во почетокот на 2014 година.
Грчката економија е под притисок на преговорите на владата со меѓународните доверители околу последната рата од пакетот помош.
Економската активност во четвртото тримесечие на 2016 паднала за 1,2 отсто.
