Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Не ми треба диплома, вработуваат само партиски!“

„Не ми треба диплома, вработуваат само партиски!“
Големата разочараност од партиските вработувања го натерала еден млад жител на српскиот град Ниш во весник да се откаже од факултетската диплома, пишува порталот Kurir-info.rs Во знак на протест поради масовното вработување „со врски“ дипломираниот туризмолог и магистер по географија Браними Ѓуриќ се откажал од една од своите две дипломи, во обид да ја подигне јавната свест кај младите луѓе во Србија и да укаже на огромниот проблем со партиските вработувања. „Мора нешто да се преземе или ни нема спас“, рекол Ѓуриќ. Овој млад и образован човек чекал работа една година, но вели дека ситуацијата во Србија е таква што и покрај две факултетски дипломи и еден мастер, сепак за него нема место. Тој тврди дека има пријатели кои работа чекаат и цела деценија. Од двете дипломи, 25- годишниот Ѓуриќ решил да се откаже од онаа од Факултетот за туризам. А со втората диплома воопшто нема да бара работа во Србија, туку одлучил да ја напушти земјата и да замине во САД. “Ова е срамно за нашата земја. Очигледно е дека на политичката елита не и одговараат паметни луѓе, па затоа и ни оди вака“, изјавил Ѓуриќ за српски Курир.  
Слично

Поврзани вести