Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не ја сфаќаме сериозно опасноста од ракот на дојката!

Не ја сфаќаме сериозно опасноста од ракот на дојката!
Годишно во Македонија се детектираат пот 700 новозаболени од рак на дојката. Раното откривање е клучно за успешен третман на оваа болест. Но, во Македонија пациентките на Клиниката за тораковаскуларна хирургија доаѓаат со напреднат стадиум на ова најчесто малигно заболување кај жената - просечната големина на тумор со која одат на операција е три сантиметри, додека во светот таа е 1 до 1,5 см, вели проф.д-р Горан Кондов. „Не го сфаќаме сериозно овој проблем. Нема точен број заболени, не се знае во кој стадиум се болните кога се детектираат. Нема број на смртни случаи од малигном на дојка, нема вкупна бројка на жени со малигном на дојка. Се смета дека секоја четврта жена која ќе добие некаков тип малигном во телото, ќе го има токму малигномот на дојка“, вели тој. Се почесто болеста се појавува и на помлада возраст - веќе на 20 години возможно е да се детектира малигном на дојка. Затоа е потребно да се воведе самопреглед кај секоја жена после 20 година еднаш месечно, да се воведе клинички преглед од лекар од 20-39 година еднаш на три години, а после 40 година еднаш годишно и сите жени да се вклучат во мамографски скрининг, препорачуваат здравствените работници. Ова значително ќе придонесе за порано откривање на ракот на дојка. Октомври е месец на борба против оваа болест. СТОРИЈА: Како го победив ракот на дојка!  
Слично

Поврзани вести