Не излегувајте со автомобил низ Скопје – почна Скопскиот маратон
Повеќе од 6.000 учесници од 47 држави учествуваат на 10-от Виз Ер Скопски маратон. Се трча трката на 5.000 метри од хуманитарен карактер, полумаратонот и главната трка од 42.195 метри.
Меѓу натпреварувачите годинава се и четворијца Кенијци и две Кенијки, а промотор на маратонот е кенискиот светски рекордер Вилсон Кипсанг. На главната трка учествуваат и сите македонски маратонци, со оглед на тоа што Скопскиот маратон е и државно првенство во оваа дисциплина.
Маратонците денеска имаат предност, па ним им е подреден и сообраќајниот режим во Скопје.
Поради одржувањето на 10-от Виз Ер Скопски маратон 2014, денеска од 7:30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај во Скопје, како и маршрутите на некои од градските автобуски линии.
Целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улицата „Димитрије Чуповски“, булеварот „Илинден“, улиците „Франклин Рузвелт“, „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски), „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „11 Октомври“, делот на булеварот „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициската станица „Пролет“, булеварот „3-та Македонска бригада“, од семафорите кај Полициската станица „Пролет“ до крстосницата со улицата „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булеварот „Јане Сандански“, од Тобако во насока кон Аеродром се до крстосницата со булеварот „Србија“.
Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булеварот „Климент Охридски“ во насока од Матица до семафорите кај Владата, улицата „Љубљанска“ во насока од булеварот „Илинденска“ до семафорите кај булевар „Партизански одреди“, улица „Московска“ во насока од булеварот „Партизански одреди“ до Студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на некои од линиите на јавниот градски превоз.
Слично
