Не излегувајте без чадор – денеска и утре нè очекуваат врнежи
Времето денеска и утре во цела Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд.
Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 14 Целзиусови степени во Маврово, 17 во Охрид, 19 во Скопје и во Битола, 20 во Берово, 21 во Крива Паланка, во Кавадарци 23, Дојран 24 степени. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд и повремени ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 19 степени.
Времето утре ќе биде облачно, врнежливо и свежо. Температурите ќе се движат од 16 до 22 степени.
В четврток ќе има благ пораст на дневните температури од 18 до 24 степени, а наместа ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и локална појава на грмежи.
Променливото и облачно време ќе се задржи и во петок кога ќе има повремени поројни врнежи од дожд и дневни температури од 19 до 25 степени.
