Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не им оди, за три години затворија над 13.000 фирми

Не им оди, за три години затворија над 13.000 фирми

За три години се затворени над 13.000 фирми во Босна и Херцеговина. 

Згаснати се 13.104 фирми од трговската и занаетчиска  дејност во кои работеле по десетина работници. 

Од нив 11.160 биле занаетчиски дуќани. 

Лани со работа престанале 590 правни и 3.518 физички лица. 

Во јануари се затворени 154 мали, средни и големи претпријатија. 

Експертите велат дека ова е очекувано и дека никој не го почувствувал вработувањето за кое се зборувало. 

Објаснуваат дека работниците се во страв и се прашуваат дали и утре ќе го имаат истото работно место или ќе ја загубат работата. 

Слично

Поврзани вести