Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ИМ Е ЛЕСНО НА БУГАРСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Колку од нив се на работ на сиромаштија?

НЕ ИМ Е ЛЕСНО НА БУГАРСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Колку од нив се на работ на сиромаштија?

Скоро 50 отсто од бугарските пензионери се на работ на сиромаштија. 

Во Бугарија во јануари имало повеќе од 2 милиони пензионери, а просечниот износ на основната пензија, без додатоци, изнесува 835,91 лева. Статистиката покажува дека повеќе од 423.000 луѓе добиваат до 580,57 лева, а уште 390.000 – точно 580,57 лева, што е минималниот износ на пензија за стаж и возраст.

Сите тие спаѓаат во категоријата „сиромашни“ со пензија под границата на сиромаштија утврдена за оваа година, која од 1 јануари порасна на 638 лева, анализира „Телеграф.бг“. И по ажурирањето на пензиите од 1 јули годинава, пензионерите со минимални приходи ќе добиваат пензија под прагот на сиромаштија. 

Сиромашни се и многу од хрватските пензионери. Повеќе од 600.000 хрватски пензионери живеат со помалку од 504 евра месечно. 

Просечната пензија за сите 1,22 милиони корисници е 504 евра, но повеќе од 600.000 хрватски пензионери живеат со помалку од таа сума.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести