Не го стопираа сите Бугари јужен тек
Бугарија не донесе одлука за стопирање на проектот „Јужен тек“, рече за бугарското национално радио претседателот на Собранието и пратеникот од БСП Михаил Миков.
Според неговите зборови, проектот не е запрен, без оглед на тоа што бугарскиот премиер Пламен Орешарски го рече спротивното.
„Не гледам како во правна држава може да биде стопиран ваков проект со нечија изјава“, вели Миков.
„Дури и да го кажал тоа претседателот, на крајот на краевите, сепак постојат релации на полето на законот, во кругот на економските и другите закони. Во спротвино активноста на било која приватна компанија во Бугарија, каква што е и компанијата Јужен тек, би можела да биде суспендирана од некои субјективни причини“.
Миков не гледа загриженост поради никакви неправилности.
„Интерсно ми е нешто друго што кажа претседателот - дека е запрена исплатата на европските средства за Бугарија поврзани со Јужен тек. Тоа е она што е крајно непријатно, ако замислиме дека Комисијата во оставка дејствува исто како политички чин во Бугарија“, додава Миков.
Инаку, вкупната инвестиција во изградбата на гасоводот Јужен тек на територјата на Бугарија е вредна повеќе од четири милијарди долари. Според првичните проценки, додатни приходи, кои Бугарија може да ги добива од реализација на проекти во вид на уплати во буџетот на сите нивоа, како и низ уплати надвор - буџетските фондови, се проценети на 1,59 милијарди евра.
