Не го чекаме кандидатот за вакцина, туку онаа што може да се користи, вели Кон
Не го чекаме кандидатот за вакцина, туку онаа што може да се користи, вели Д-р Предраг Кон од Србија.
Најверојатно ќе бидат во употреба, додаде тој, оние вакцини кои влегоа во третата, или пристапија кон третата фаза на истражување.
„Кога слушаме за некој кој ги поминал сите фази на тестирање, таа повеќе не е потенцијална или кандидатна вакцина, туку онаа што може да се користи. Сè уште го немаме тоа. Очекуваме, а според она што се најавува, очигледно е дека сме во контакт со некои компании што ги произведуваат“, наведува Кон.
Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија, Предраг Кон, изјави дека ситуацијата кога станува збор за епидемијата на вирусот корона е далеку од поволна.
Србија има над 26.000 случаи на коронавирус и 590 починати.
Русите, Кинезите, Британците, Американците работат на тестирање на вакцини против коронавирусот.
