Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не ги заборавајте овие пет работи кога ќе барате работа

Не ги заборавајте овие пет работи кога ќе барате работа

Сајтот „Karijer bilder“ направи истражување за тоа кои работи не треба да се прават кога се пријавувате за работа. 

Се наведува дека 54% од луѓето кога бараат работа не го прилагодуваат своето цв на позицијата за која конкурираат. 

Ако својата биографија  ја поправите така што ќе одговара на позицијата за која аплицирате, тоа е добар начин да се издвоите од другите кандидати. 

Апликацијата за работа не треба да делува шаблонски, а тоа го прават 84% од луѓето кои бараат работа, покажува истражувањето. 

Мотивационото писмо треба да биде составен дел од вашата апликација. 

Ова писмо ќе ви даде шанса да се истакнете и да го спомнете она што го нема во биографијата. 

Скоро 40% од апликантите за работа не контактираат со работодавецот откако ќе пратат кратка биографија, но ако дополнително се јавите нема да погрешите. Ако се јавите ќе покажете дека навистина сте заинтересирани за работата. 

Околу 60% од луѓето не се заблагодаруваат затоа што се повикани на интервју, а  би било убаво тоа да го направат. 









Слично

Поврзани вести