Не е водката ракија - Македонски адут на рускиот пазар
Македонско – руската стопанска комора и „Македонски дом“ од Москва потпишаа Договор за соработка со надеж дека голем број на македонски производи ќе се најдат пред руските купувачи, особено македонската ракија која може да биде привлечна за нив.
Секако македонските производители за да успеат да извезуваат во Русија ќе треба да поминат низ процес на сертификација.
Македонската ракија, млечните производи и конзервната индустрија се најатрактивни за рускиот пазар, но и туризмот, заедно со гастрономијата, е меѓу потенцијалните сектори кои може да ја унапредат трговската размена на двете земји.
– Сертифицирањето на ракијата почна во мај. Се надеваме дека за еден месец веќе ќе бидат извезени првите количини во Русија, истакна генералната директорка на „Македонски дом“ Инна Владимировна Жарова.
Договорот за соработка што го потпишаа Комората и „Македонски дом“ има за цел да му помогне на македонскиот бизнис да биде што поприсутен на рускиот пазар, преку организирање директни контакти со бизнисмени од Русија, симпозиуми, тркалезни маси, конференции, заеднички посети на саемски манифестации,…
