Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е во ред на оној што инвестирал 20 до 30 милиони евра во мол во Скопје, да му забраните да работи во недела - Ангел Димитров за новините

Не е во ред на оној што инвестирал 20 до 30 милиони евра во мол во Скопје, да му забраните да работи во недела - Ангел Димитров за новините

Не можете да барате од инвеститор кој вложил 20 до 30 милиони евра во мол во Скопје, да му забраните да работи во недела.  Ова го смета Ангел Димитров, екс претседателот на Организацијата на работодавачи, која е директно вклучне во преговорите за недела да биде неработен ден.

Како што е познато, на стартот на преговорите работодавачите беа против ваквата владина идеја, но сега сметаат дека донесениот закон со кој недела ќе биде неработен ден, е добар компромис, кој се постигна преку дијалог на социјалните партнери синдикатите, државата и работодавачите. 

„Оној што инвестирал 20 до 30 милиони евра во Скопје, и сега да му забраните да работи во недела, не е во ред. Ама во ред е тој што ќе работи во недела да добие дупла дневница и во ред е на државата да и се плати одреден надомест за развој на инфраструктуирата, на детските градиники, и тн. Значи, тоа е компромис кој во овој момент на развој на државата, мислиме дека е добар. Можеби кога ќе имаме стандард од 8 до 9 илјади долари по жител, нема и другите работници да работат во недела. Но, во повој момент Македонија не смее да си дозволи да нашите граѓани за време на празници одат во Бугарија или во Србија да оставаат девизи, а нашите молови да бидат затворени“, изјави за медиумите Ангел Димитров. 

Во Законот за работни односи се наведени сите дејности кои заради технолошкиот карактер на компанијата, или пак витални дејности како полиција, војска, здравств и слично,кои мора да работат и во недела. За тие вработени ќе има 50 отсто поголема дневница и ќе користат слободен ден во текот на наредната недела. Оние трговци што што ќе работат во недела ќе треба да исплатат 100 отсто дневница за вработениот и 2 отсто од прометот кои ќе се користат за иградба на градинки.

Слично

Поврзани вести