Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е само златото, ќе поскапува и среброто

Не е само златото, ќе поскапува и среброто

Се очекува голем скок на цената на среброто. 

Во март годинава, разликата во цената на среброто и златото беше 1:126, односно златото за 126 пати беше повредно од златото. 

Досега среброто на два пати му се доближило на златото и тоа за време на големите инфлаторни кризи во 1919 и 1980 година.

Но, светот повторно е на прагот на нова инфлација, па затоа може да се очекува голем скок на вредноста на среброто. 

Сега разликата со златото е 1:81, што значи дека веќе се направени големи инвестиции во среброто. 

Би можело набргу и сребрените залихи да се зголемат за пет пати, што би значело и враќање на стариот сооднос со златото од 1:1,15.

Треба да се има в предвид дека постојано се зголемува и побарувачката на среброто во индустриски цели, затоа што овој метал е незаменлива компонента од голем број уреди.

Цената на златото на почетокот од месецот го помина прагот од 2.000 долари за унца, ниво што не е забележано од септември 2011 година. 

Според аналитичарите цената на златото ќе продолжи да расте.

Слично

Поврзани вести