Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е само Македонија, и Турција му „боде“ очи на Павлопулос

Не е само Македонија, и Турција му „боде“ очи на Павлопулос

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос од Брисел испрати порака до Турција да го почитува меѓународното право.

Тој вели дека во грчко-турските односи, се стремат кон пријателски и добрососедски односи и ја поддржуваат европската перспектива на Турција.

„Но, за ова, предуслов е, од страна на Турција да има искрено почитување на европското законодавство, чиј нераскинлив дел е и програмата „НАТУРА 2000" и меѓународното право“, вели грчкиот претседател. 

Ова тој го кажа пред Грците кои се вработени во европските институции.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, споменувајќи ги Лозанскиот договор и Договорот од Париз, Павлопулос нагласи дека тие „не оставаат простор за сиви зони" и нивното оспорување „води до оспорување на границите, не само на Грција, туку и на ЕУ".

„Несфатливо е Република Кипар, како рамноправна членка на ЕУ, да има ограничен суверенитет“, оцени Павлопулос.

За кипарското прашање, тој изјави дека тоа е меѓународно, во главно, европско прашање, за кое Грција се стреми да се реши што е можно побргу со постигнување праведно и одржливо решение. 

Тој е познат по радикалниот речник во однос на Македонија. Секогаш вели дека Македонија е една и е грчка. 

Слично

Поврзани вести