НЕ Е САМО МАКЕДОНИЈА: Богата земја отпишува долгови
Обединетите Арапски Емирати на граѓаните им простуваат долг „тежок“ 87 милиони евра.
Оваа мерка има за цел да обезбеди пристоен животен стандард за сите граѓани на ОАЕ, заедно со високо ниво на социјална стабилност, појасни Џабер Мохамед Ганем Ал Суваиди, претседател на Врховниот комитет на Фондот за порамнување на долгот. Според Ал Суваиди, дарежливиот гест ќе го намали финансискиот товар на граѓаните на земјата
Фондот за порамнување долгови во во Обединетите Арапски Емирати објави план за отпишување на кредити во вредност од 361 милион дирхами (скоро 87 милиони евра).
Иницијативата ќе се реализира во партнерство меѓу Федерацијата ОАЕ и и Централната банка на ОАЕ, со 13 локални кредитодаватели кои учествуваат во програмата.
ОАЕ имаат брзорастечка економија и високи стандарди. По економско производство е 14 место во светот и трето на Блискиот Исток по Катар и Кувајт.
фото Википедија
