Не е само лирата, уште една валута е во колапс
Вредноста на рубљата денеска накратко падна на најниско ниво во однос на американскиот долар за повеќе од две години.
Ова е резултат на загриженоста предизвикана од новите економски санкции од САД.
Рубљата денеска падна за околу два отсто, на скоро 69 рубљи за еден долар, но откако Руската централна банка соопшти дека ќе го прекине купувањето на странските валути, беа надоместени дел од загубите со тргување со 68.3 рубљи за еден долар.
Централната банка соопшти дека купувањето на странски валути ќе биде суспендирано до крајот на септември „за да се намали нестабилноста на финансиските пазари.“
САД подготвуваат дополнителни санкции против Русија. На 21 месецов, Вашингтон наметна санкции кон две руски шпедитерски компании поради наводна трговија на нафта со Северна Кореја.
Рускиот претседател Владимир Путин санкциите против Русија ги нарече „контрапродуктивни и бесмислени“, по вчерашните разговори со неговиот фински колега, Саули Нинисто.
