Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е само кафето, и какаото поскапува

Не е само кафето, и какаото поскапува

Голем скок има на цените на кафето, но и на какаото поради страв од лошите временски услови. 

Кафето и какаото, двете најтргувани стоки, нагло поскапеа бидејќи инвеститорите стравуваат дека временскиот модел Ел Нињо би можел да ги наруши жетвите во Бразил и Западна Африка.

Фјучерсите за кафе скокнаа за дури 18,5 проценти во понеделник, достигнувајќи цена од 3,57 долари за фунта (околу 0,45 килограми). Ова е најголемиот дневен раст на оваа суровина од 2000 година. Тоа продолжи со вкупен раст од 48 проценти од 10 јуни, пред цената да падне за повеќе од седум проценти во раното тргување во вторник.

Според финансиската компанија StoneX, историскиот раст во понеделник ги турна фјучерсите за кафе во „територија на мими акции“, зона каде што цените се движат од силни шпекулации и масовно купување, а не само од пазарните фундаменти. Компанијата соопшти дека агресивното купување од страна на институционалните инвеститори и компјутерски управуваните трговски фондови ја надминало силната продажба од земјите производители на кафе.

Во исто време, цените на фјучерсите на какаото се зголемија за 13 проценти во понеделник, достигнувајќи го највисокото ниво од јануари. Според Оле Хансен, директор за стратегија на пазарот на стоки во Saxo, главната причина се постојаните дождови во Западна Африка, кои ја зголемуваат загриженоста за снабдувањето, пренесува Forbes Bosna.

Слично

Поврзани вести