Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ Е САМО ДАНСКА: Во која друга земја луѓето се пензионираат на 70 години?

НЕ Е САМО ДАНСКА: Во која друга земја луѓето се пензионираат на 70 години?

Данска ќе стане една од државите со највисока старосна граница за пензионирање во светот. Тоа е возраст од 70 години. Но, ова важи и за Либија. 

По законот усвоен во 2025 година, Данска ќе ја зголеми границата за лицата родени по 31 декември 1970 година на 70 години, од досегашните 67. Промената ќе се спроведува постепено, отсега па сè до 2040 година.

И пред усвојувањето на законот, старосната граница за пензионирање во Данска беше иста како во Австралија, Грција, Исланд, Израел, Италија и Холандија, како земја со втора највисока старосна граница за пензионирање. САД се наоѓаа на третото место со официјална старосна граница од 66,7 години, а Шпанија на четвртото со 66,5 години.

Овие старосни граници изгледаат високи во споредба со земји како Индија, Индонезија и Турција, каде што пензионирањето е дозволено уште на 50 години. Саудиска Арабија има најниска старосна граница во светот, односно некои работници можат да влезат во пензија веќе на 47 години.

Поради лошата демографија, многу земји се принудени или ќе бидат принудени да ја зголемат старосната граница за пензионирање. 

foto Wikipedia/paolocason.it

Слично

Поврзани вести