Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е само Биткоин - Овие криптовалути ќе направат бум на пазарот

Не е само Биткоин - Овие криптовалути ќе направат бум на пазарот

Биткоинот не само што поставува нов тренд како воведување на бран криптовалути изградени на децентрализирани мрежи, туку станува и де факто стандард.

Валутите инспирирани од биткоин се познати како алткоини, и тие се претставуваат како модифицирани, односно, подобрени верзии на биткоинот, пишува Investopedia.

Додека некои од тие валути се полесни за собирање отколку биткоинот, сепак имаат и лоши страни, како поголем ризик од намалување на ликвидноста, прифаќање и задржување на вредноста на валутата.

Сепак додека биткоинот полека паѓа и достигнува вредност од околу 8.500 долари, овие шест криптовалути со сигурност раснат: 

1. Лајткоин

Лајткоинот е лансиран во 2011 година и беше еден од првите криптовалути кои го следеа биткоинот. Направен е од Чарли Ли, поранешен инженер на Гугл. Лајткоин се базира на глобалната мрежа со отворен извор кој не е контролиран од ниту една централна влада. Користи „skryt“ како доказ, кој може да се декодира со помош на процесор на обичен компјутер. Иако Лајткоин е доста сличен со биткоинот, сепак тој работи побрзо, па затоа нуди и побрза потврда за трансакција. Покрај програмерите, се зголемува и бројот на продавачи кои прифаќаат лајткоини.

2. Етерум

Развиен е во 2015 година, етерумот е децентрализирана софтверска платформа која овозможува изградба и водење на „паметни договори“, како и „дистрибуирање на апликации (DApps)“ без застој, измама или мешање на трета страна. Етерумот во 2014 година разви претпродажба која резултираше со голем интерес. Апликациите на етерумот се пренасочени на криптогеографски етеру – токен специфичен за таа платформа. Етер е како возило во движење на платформата на етерум, и најчесто е баран од програмерите коишто сакаат да развијат апликации во рамки на етерумот, за кои авторите сметаат дека може да се користат за кодифицирање, децентрализирање, осигурување и продажба. Етерумот на пазарот поседува вредност од 41.4 милјарди, кој според другите криптовалути е втор после биткоинот.

3. Зкеш

Децентрализирана криптовалута која се темели на отворен извор започна во 2016 година и делува ветувачки.  Оваа валута за себе вели дека ако „биткоинот е http за пари, Зкеш е http“. Таа нуди приватност и селективна транспарентност на трансакциите, и тврди дека покрај http (протокол за комуникација помеѓу опслужувач и клиентот, кој функционира на принцип барање-одговор) нуди и додатна сигурност, иако сите трансакции се снимени и објавени на blockchain (јавен онлајн запис која снима биткоин трансакции), идентитетот на испраќачот, примачот и количината остануваат приватни. Зкеш, исто така, на своите клиенти им нуди и избор на скриени трансакции овозможувајќи содржината да се шифрира со напредни криптографски техники.

4. Даш

Даш или попознат како darkcoin е тајна верзија на биткоинот. Тој нуди повеќе анонимност бидејќи работи на децентрализирана мрежа која прави трансакции кои невозможно е да се следат. Иако започна во 2014 година, Dash за кратко време доби бројни фанови. Оваа криптовалута ја направи и разви Еван Дуфиелд. Во 2015 година darkcoin е преименуван во даш, но тоа не ги промени неговите технолошки карактеристики.

5. Рипл (HRP)

Рипл е глобална мрежа за договори во вистинско време кои нудат сигурни и евтини меѓународни трансакции. Рипл овозможува банките да договорат преку гранична исплата во вистинско време со потполна транспарентност и по пониска цена. Создадена е во 2012 и има пазарна капитализација во вредност од 1.26 милијарди долари.

6. Монеро (HMR)

Монеро е сигурна и приватна валута на која не може да и се влезе во трага. Оваа криптовалута со отворен извор создадена е во 2014 година, и привлекува голем интерес во криптографската заедница. Развојот на оваа криптовалута се темели исклучиво на донации, а со нив управува целата заедница. Развиен е со силен фокус на децентрализација и надградливост, нуди целосна приватност користејќи посебни техники , едноставно кажано, технологија заштитена со отпечаток од прст на сопственикот. Со оваа техника се покажува целата група на криптографски потписи, вклучувајќи го и вистинскиот учесник.

Биткоинот продолжува да ги предводи криптовалутите во смисла на пазарната капитализација, бројот на корисници и популарноста. Сепак, други виртуелни валути, како што се етерум и рипл кој се користат како претпријатиски решенија исто така стануваат популарни, а некој алткоини веќе се сметаат и за супериорни биткоини. 

Следејќи ги актуелните трендови, криптовалутата нема никаде да замине, ама колку ќе останe меѓу конкурентите само времето ќе покаже. 


Слично

Поврзани вести