НЕ Е САМО АЛБАНИЈА: Земјотрес ја стресе и Грција
Серија земјотреси ја тресат Албанија, но се затресе и Грција.
Земјотрес од 4,1 степен е регистриран денеска кај грчкиот остров Халки на Егејско море.
Потресот бил со епицентар во морето на 42 километри југозападно од островот Халки, во близина на Родос, односно 388 километри југоисточно од Атина.
Многу луѓе во Тирана и во Драч не смееле да се вратат во нивните домови поради бројните дополнителни потреси кои уследија по земјотресот од 5,6 степени во кој беа повредени над 100 луѓе, а неколку стотици згради се уништени.
Слично
