Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ Е РОЗОВО: Намален оптимизам во преработувачката индустрија

НЕ Е РОЗОВО: Намален оптимизам во преработувачката индустрија

Економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија во мај годинава се оценува како нешто поповолна од април, но сепак понеповолна во однос на ланскиот мај, покажа анкетата на Државниот завод за статистика, спроведена меѓу раководителите на компании во овој сектор.

Во мај 2014 тие ја оценуваат економската состојба на своите претпријатија со оценка 11.0, што е подобро од 10.6 минатиот месец, но послабо отколку 12.2 - оценката што ја дале во мај 2013 година.

Понеповолна е оценката за обезбеденоста на производството со порачки во мај во однос на април, како и оценката за обемот на производството. Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, но затоа очекувањата за бројот на вработени се понеповолни.

Во мај 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на претходниот месец.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во преработувачката индустрија во мај 2014 година изнесува 61.1% од нормалното искористување и е нешто пониско отколку минатиот месец.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во мај 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 27.3%, недоволната домашна побарувачка со 19.5%, неизвесното економско опкружување со 9.01% и конкурентниот увоз со 8.4%.

Слично

Поврзани вести