Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е ниту Германија, ниту Франција: Друга земја е „моторот“ на растот во еврозоната

Не е ниту Германија, ниту Франција: Друга земја е „моторот“ на растот во еврозоната

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми својата прогноза за раст на еврозоната за 2025 година, поттикната од шпанската економија и малото подобрување во Германија и Франција.

Се очекува економскиот раст на еврозоната да изнесува 1,2 отсто оваа година, што е за 0,2 процентни поени повеќе во однос на претходните прогнози на таа институција од Вашингтон објавени во јули. За 2026 година се предвидува раст од 1,1 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку од претходната прогноза.

Најдинамична економија меѓу главните развиени земји е Шпанија, чиј раст се зголеми на 2,9 отсто оваа година  и се очекува да порасне за два отсто во 2026 година, што е за 0,2 процентни поени повисоко од претходната прогноза.

„Шпанија е моторот на растот на главните светски економии“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на мрежата X. 

Шпанската влада предвидува раст на БДП за 2025 година од 2,7 отсто.

Германската економија ќе се зголеми малку позначајно во 2026 година на 0,9 отсто, предвидува ММФ. Франција треба да забележи раст од 0,7 отсто оваа година (што е за 0,1 процентен поен повисоко од претходната прогноза на ММФ), а следната година треба да има раст од 0,9 отсто (0,1 процентен поен помалку од претходно прогнозираниот), пренесува Н1.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести