Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е единствен „VW“ што мамел, и „Mitsubishi“ си призна!

Не е единствен „VW“ што мамел, и „Mitsubishi“ си призна!

Јапонскиот произведувач на автомобили „Mitsubishi“ призна дека манипулирал со податоците за потрошувачката на гориво во преку 600 000  возила.

Признанието следи само ден откако таквите шпекулации предизвикаа пад на вредноста на акциите на оваа јапонска компанија.

Од „Mitsubishi“ соопштија дека ќе го запрат производството и продажбата на мини автомобили во Јапонија и дека ќе покренат истрага поврзана за возила продадени во странство, пренесе Франс прес.

„Утврдивме дека тестирањето на потрошувачката на горива е спроведено на неодговарачки начин како би се претставила подобра стапка на потрошувачка на гориво од актуелната“, изјави претседателот на „Mitsubishi“ Текуро Акјава, додавајќи и дека методата на тестирање ќе биде поинаква од онаа која е пропишана со јапоснкиот закон.

Изразуваме длабоко извинување на сите наши клиенти и акционери поради овој проблем“; рекол Ајкава.

Со овој проблем се погодени околу 620 000 возила, меѓу кои се моделите "ek vagon", "ek spejs", "dajz" i "dajz roks", кои  „Mitsubishi“  ги произведува за ривалскиот Нисан. Манипулациите се откриени откако што во Нисан се утврдила неправилност во податоците за ефикасност на потрошувачката на гориво и известиле за очигледните неправилности.

Акциите на  „Mitsubishi“  денес паднаа за околу 15,6 одсто, на 733 јени, а се работи за најголем дневен пад на акциите на оваа компанија од 2004 година, оценува Блумберг.

Ова откритие доаѓа во светло на глобалниот скандал кој ја погоди германската компанија Фолксваген, а која во септември минатата година призна дека во 11 милиони свои автомобили вградила софтвер за манипулации на вредностите на издувните гасови.

Слично

Поврзани вести