Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не е ебола, но од што почина британскиот државјанин уште се утврдува

Не е ебола, но од што почина британскиот државјанин уште се утврдува
Причината за смртта на британскиот државјанин Колин Џефри уште се утврдува. Откако анализите во лабораторијата во Хамбург покажале дека не починал од ебола, здравствените власти ја започнаа обдукцијата на телото кое се чуваше во посебен изолиран ковчег. Обдукцијата се очекува да трае неколку дена и не се знае кога ќе бидат познати првите резултати. Британскиот државјанин во четвртокот почина многу брзо откако беше хоспитализиран, со внатрешно крварење и повеќе други симптоми, што ги натера лекарите првично да се посомневаат и на ебола. Сепак, пријателите на Џефри сметаа дека еболата не е причина за неговата смрт. Според нивните кажувања, тој подолго време имал здравствени проблеми, но не сакал да оди на лекар. Ситуацијата особено му се влошувала при посета на Македонија, сведочеше Олга Инглиш, пријателка на Мајкл Инглиш, бизнисменот кој заедно со Џефри допатува во Скопје на 2 октомври.  
Слично

Поврзани вести