Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ЦВЕТА СЕ ВО ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ: Грабежи на биткоин менувачници доказ за ризиците на оваа криптовалута

НЕ ЦВЕТА СЕ ВО ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ: Грабежи на биткоин менувачници доказ за ризиците на оваа криптовалута

Дека не е се совршено во виртуелниот свет на криптовалутите не потсетија хакерите во Јужна Кореја.

Биткоин менувачницата Youbit банкротирала после неверојатна кражба.

Иако биткоинот е синоним за брза заработка, постојат ризици кои ја откриваат ранливоста на оваа криптовалута, пишува Б92. 

Тоа на најлош можен начин го дознале сопствениците на корејската биткоин менувачница Youbit . Тие се принудени да поднесат барање за банкрот откако хакерите по втор пат оваа година ги ограбиле. Минатиот април крадците украле преку 35 милиони долари во криптовалути, додека точниот износ на последната кражба не се знае, ниту како е извршена.

Се знае само дека овој пат изгубиле 17% од средствата, што било премногу за да се опорават. Последицата на ова е дека на корисниците ќе им бидат намалени средствата на 75% од вредноста, што значи дека треба да бидат среќни ако успеат воопшто да ги извлечат своите пари.Јужнокорејската агенција за интернет и безбедност издала соопштение дека полицијата работи на случајот и дека уште не знаат кој е одговорен.

Северна Кореја го краде биткоинот?

Сепак, неофицијално на големо се обвинува Северна Кореја која изгледа дека има исклучително силна хакерска армија. Биткоинот и хакерските манипулации би можеле да ја опорават економијата на најзатворената земја во светот. Иако се работи за мала менувачница, ова е само уште еден знак дека целиот виртуелен бизнис со криптовалути е многу ранлив. Северна Кореја демантирала дека има било каква врска со биткоин грабежите , но и WannaCry хакерските напади.


(Foto: Getty images)


Слично

Поврзани вести