Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не читаат весници, не гледаат вести – младите веруваат само на интернетот

Не читаат весници, не гледаат вести – младите веруваат само на интернетот
Интернетот е медиум на кој младите најмногу веруваат, покажа истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“ спроведено во 11 земји во регионот. Дури 76% од младите луѓе секојдневно читаат електронски вести. За споредба, околу 58% од младите во Македонија дневно гледаат телевизија, 40% слушаат радио, а 22% читаат дневен печат. Дури 14% од младите кај нас никогаш не прочитале весник, а над 30% никогаш не биле во кино! Истражувањето во Македонија е направено на близу 1.800 млади, 65 медиуми и 37 младински организации и институции. Според резултатите, 77% од младите луѓе го сметаат интернетот најкорисен за едукација, 75% за информирање, 66% за забава, а најмногу време поминуваат на социјалните мрежи, во гледање филмови и видеа на интернет. Младите политиката често ја заобиколуваат, а повеќе се задржуваат на културните и забавните содржини. Речиси половина од анкетираните веруваат дека медиумите им пласираат лажни вести, а повеќе од една третина сметаат дека медиумите користат јазик кој создава поделби.
Слично

Поврзани вести