Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не чека празничен продолжен викенд – утре неработен ден

Не чека празничен продолжен викенд – утре неработен ден

Утрешниот ден е прогласен за неработен ден.

Сите граѓани се ослободени од работа поради Денот на Македонската револуционерна борба, 23 октомври со што добиваме продолжен викенд.

Имено Викендот кој што е пред нас не само што е празничен и продолжен, туку има и бонус еден час заради промената во зимско сметање на времето.

Петок ќе биде облачно наутро, додека претпладне е можно да има повреме локален дожд претежно во планините, но и дел од местата во северниот регион а на високите планински врвови се очекува слаб снег.

Сабота ќе биде претежно сончева претпладне во северната половина од земјата, додека јужниот регион очекува претежно облачно време. До крајот на денот облачноста значително ќе се намали и во јужниот регион, па вечерта ќе биде претежно ведра низ земјава. Токму ова разведрување ќе донесе и малку постудена ноќ, покажуваат информациите на метеопро.

Недела ни носи претежно сончево време, речиси без ветер.

Во однос на температурата, петок очекува минимална температура низ котлините околу 7°С, и околу 3°С на повисоките населени места во западниот крај. Саботниот минимум ќе биде понизок за околу 2°С во однос на петок, додека во недела минималната температура низ котлините ќе има вредност од 3°С до 6°С, а на повисоките места околу 0°С.

И додека од ден на ден минималната температура ќе бележи тренд на пад, максималната ќе бележи пораст. Во петок очекуваме максимална температура низ котлините во северниот и западниот крај со вредност од 8°С до 11°С, односно до 14°С на југоисток. Во сабота максималната температура во однос на петок ќе биде повисока за околу 2°С. Недела ќе биде најтопла. Највисоката дневна температура ќе биде во границите од 15°С до 18°С во северниот и западниот регион, а на југоисток до 21°С.

 

Слично

Поврзани вести