Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ БРЗАЈТЕ: Сообраќајот кај Скопје-Велес нормализиран, коловозите кашести од снег!

НЕ БРЗАЈТЕ: Сообраќајот кај Скопје-Велес нормализиран, коловозите кашести од снег!

Престанаа врнежите а полека и сообраќајот се движи кон нормално темпо.

Патниот правец Скопје-Велес се одвива во подолги колони и забавено но во нормализирана состојба.

Во прекин за тешките товарни возила е сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево кај Пресека додека за патничките постепено се оспособува патниот правец и во моментов се одвива по една коловозна лента а во наредните неколку часа се очекува комплетно негово оспособување.

Забрана за тешки товарни возила постои на патнитe правци : Гостивар-крак Маврово-Дебар, Тетово-П.Шапка,Тетово-гр.премин Јажинце, Дебар-Струга, Буково и Ѓавато.

Низ Македонијава сообраќајот се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Ако патувате внимавајте и возете со прилагодена брзина и со задолжителна зимска опрема.

Слично

Поврзани вести