(ВИДЕО) Не биле само 10 загинати, многу повеќе жртви во превртениот турски воз
Бројот на жртвите не бил 10 загинати и 78 повредени, како што тврдеа синожа медиумите, туку многу повеќе, откако турски патнички воз се преврте на рутата Истанбул - Едрене на нестабилен мост размрдан од поројни дождови и свлечишта. Бројката на загинати во железнилката несреќа во Турција се искачи на 24, додека повредени се дури 338 луѓе.
Спасувачка мисија заврши утрово и сите повредени се однесени во болница.
Пет вагони од патнички воз вчера излетаа од шините во провинцијата Такирдаг во северозападна Турција, во близина на границата со Грција.
Возот тргнал од Истанбул, а несреќата се случила во близина на селото Сарилир.
Слично
