Економија, финансии, бизнис

Контакт

НДП за пресот на Заев: Пандорината кутија се отвори и враќање назад нема

НДП за пресот на Заев: Пандорината кутија се отвори и враќање назад нема

Со реакција на пресот на опозицијата во кој опозицискиот лидер Зоран Заев обелодени дека се прислушкувани 20 000 граѓани меѓу кои и поранешниот лидер на НДП Руфи Османи тајно од страна на вработени лица во МВР, денеска се огласи и оваа партија.

„НДП во континуитет изјавува дека ова власт е една од најкриминалните власти што ги познава историјата на ова држава. Оваа констатација на НДП денеска се потврди уште еднаш со прес-конференцијата на лидерот на македонската опозиција. Фактот дека ова власт има прислушкувано на незаконски и криминален начин повеќе од 20.000 граѓани на ова држава говори за невидено лудило во светската историја. Имајќи предвид дека немаат сите граѓани мобилни телефони, и дека еден добар дел од граѓаните се малолетници, и дека над 500.000 граѓани се надвор од државата, тогаш на виделина излегува еден фрапантен процент од над 10% од целокупната популација на државата кои се прислушкувани, што подразбира лудило што само ова власт може да направи“ се вели во соопштението на оваа партија.

Имено, тие нагласуваат дека пандорината кутија се отворила и дека враќање назад нема. „Дојдено е време да се исчисти целата историја на сите јавни личности за сите овие 24 години на плурализмот во државата. Само со објавувањето на целата вистина ќе може еднаш засекогаш да се исчисти минатото на секој што бил на власт со конкретна одговорност, и да се отвори процесот на зајакнување на демократијата, слободата и цивилното право и да се врати довербата во институциите на државата. Оваа апокалиптична ситуација уште еднаш го потврдува конзистентниот ставот на НДП од првите денови на објавување на овие бомби, дека мора да се формира едно специјално судско тело, како во Косово, кое ќе биде под силен перманентен надзор на судски компетентни претставници на ЕУ и САД, судство што ќе ги гони кривично, нарачателите и егзекуторите на овој информативен масакар кој е голем удар врз демократијата и слободите на човекови права“, потенцираа од НДП.

Очекуваат од страна на македонската опозиција, кога веќе пандоровата кутија е отворена,  сите тие што ги имат прекршено законите и Уставот, да бидат објавени, исто како и големите скандали на институционалната корупција поврзани со тендери од стотина милиони евра, да ги објават јавно информациите за Бродец, Смилковци, ликвидацијата на Харун Алиу и многу други криминални дела, како и масовното крадење на изборите што коалицијата ВМРО-ДУИ ја има правено на многу изборни циклуси.

Тие истакнуваат дека не се зачудени од фактот дека и поранешниот лидер на НДП, Руфи Османи е прислушуван од актуелната власт. Руфи Османи е прислушкуван од 1981 до ден денеска, и неговото прислушкување и на неговата фамилија не прекина дури ни во времето кога беше во затворот во Идризово, од 1997-1999.

„Оној што ја објави информацијата има морална одговорност да ја информира пошироката јавност со чија наредба е прислушкуван Руфи Османи ,имајќи го во предвид фактот дека излегувањето на НДП на политичката сцена беше реална закана за ДУИ и за ДПА“се истакнува во соопштението.

НДП очекува дека оној што ја објави информацијатаќе има објективен пристап. Дека нема да ги амнистира во ниту еден случај виновниците за овие криминални дела .

Слично

Поврзани вести