Економија, финансии, бизнис

Контакт

НДП:„Тврдина“ е расклопување на јазолот кој ги оштетил сите државни институции

НДП:„Тврдина“ е расклопување на јазолот кој ги оштетил сите државни институции

Партијата Национална Демократска Преродба се огласи со соопштение по отварањето на случајот „Тврдина“ и се надева дека Специјалното јавно обвинителство ќе ја исполни целосно својата мисија.

За „Тврдина“ велат дека е сложен процес кој покажува како се деградирани државните институции.

„Започната постапка „Тврдина“ е почеток на расклопување на јазолот кој ги оштетил сите државни институции за еден подолг временски период. Сложеноста на јазолот не познава ниту една политичка партија кога станува збор за подршка на СЈО. Оваа ситуација бара унификација на сите прогресивни сили внатре и надвор од државата за подршка на специјалното обвинителство, имајќи ја во предвид сложеноста на ситуацијата . Сега е дојдено време кога политичкото поентирање врз грбот на државните институции треба да заврши веднаш, бидејќи во спротивно последиците ќе биде огромни што нема да остане ништо во државата за да се поентира политички“- се вели во соопштението на НДП.

Од партијата додаваат дека на СЈО му треба поддршка од сите партии и од меѓународниот фактор.

Слично

Поврзани вести