Економија, финансии, бизнис

Контакт

НДП поднесе оставка за пратеничкото место во Собранието

НДП поднесе оставка за пратеничкото место во Собранието
Националната демократска преродба (НДП) на Руфи Османи во Собранието ги поднесе оставките за пратеничкото место што оваа партија го освои на последните парламентарни избори. Освен Руфи Османи, кој беше носител на листата во шестата изборна единица каде што е освоен мандатот, изјави за откажување поднеле и сите 20 кандидати од листата на оваа партија. Од привремениот одбор, кој раководи со НДП по оставката на Османи од лидерската позиција, велат дека на овој начин се завршува правната процедура „и покрај асиметричните законски толкувања од службите во Парламентот во Скопје, кој се во судир со тековните толкувања во овие ситуации“. Одборот им се заблагодари на сите кандидати за пратеници од 6-тата изборна единица кои се откажаа од освоениот мандат по одлука на партијата. Истовремено, НДП одлучи да прогласи мораториум од 100 дена на целокупната своја политичка активност „во функција на целосна демаскација на политичките парти кои ги манипулираа последните парламентарни избори, надевајќи се дека во овој временски период ќе се врати политичката свест на илјадници Албанци кои во овие избори беа измамени и манипулирани од политичкиот корупциски инженеринг на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“, стои во партиското соопштение.
Слично

Поврзани вести