НДП:Меѓународната заедница да излезе со одбрана на СЈО
Од Националната демократска преродба велат дека институцијата на Специјалното јавно обвинителство која произлезе од Пржинскиот договор, е единствена државна институција која може да донесе надеж за граѓаните дека ќе се врати владеењето на правото и зајакнување на државните институции.
Последната одлука на претседателот на државата за општа аболиција за сите корумпирани политичари и нивни соработници кои излегоа или се очекува да излезат од работата на СЈО, е отворен обид за демонтирање на оваа важна институција за враќање на владеење на правото.
„Обидот за демонтирање на СЈО е последниот обид на деструктивните сили внатре во државата, да можаат да продолжат со нивното деструктивно однесување на рушење на државните институции со единствена цел личен опстанок на овие сили. Заради ова причина, се бара јака мобилизација на сите внатрешни и надворешни прогресивни сили во одбрана на СЈО како последна институција која се бори за враќање на демократските вредности во земјата спроти сите деструктивни струи внатре во државните институции, кои имаат уништено све што подразбира правна и демократска држава. Во овој правец, Национална демократска преродба силно ќе го подржи, и со конкретни протести, нормалното функсионирање на СЈО против сите тие кои се обидуваат по секоја цена да го уништат оваа важна институција за нормално функсионирање на државата во целина“ - реагираат од НДП.
Национална демократска преродба уште еднаш бара итна интервенција на меѓународната заедница, особено американската, да излезат во директна конкретна одбрана на СЈО бидејќи во спротивно последиците за укинување на оваа важна институција ќе бидаат невидени.
Прогресивните сили ќе триумфираат, и заради ова причина, СЈО заедно со сите судии кои и го сакаат доброто на државата, треба да се третираат како свети кои ќе донесат радост и слобода за целата популација на државата.
Слично
