Економија, финансии, бизнис

Контакт

НДМ: Уставниот суд проблемот со СЈО да им го врати на политичарите

НДМ: Уставниот суд проблемот со СЈО да им го врати на политичарите

Повеќе од 8 месеци Уставниот суд е на удар на барањата на приврзаниците на власта и на опозицијата околу иницијативата за уставна оценка на Законот за СЈО, смета Јанко Бачев, претседателот на НДМ.

Вели дека притоа, барањата се дијаметрално спротивни. Приврзаниците на власта бараат СЈО да биде прогласено за неуставно, додека оние на опозицијата бараат потврда на уставноста на СЈО, објаснува Бачев и додава дека  повеќе немаме простор за грешки во актуелната криза.

„Најголемата грешка би била ако земјата биде вовлечена во граѓанска војна. Токму затоа, НДМ презема поактивна улога и на овој план за да помогне во изнаоѓање на решение. Имено, Уставниот суд треба да ја отфрли иницијативата за уставна оценка на законот за СЈО, и веднаш проблемот со СЈО да им го врати на политичарите и тие дополнително нека расправаат за она што го бараат од Уставниот суд, односно за статусот на СЈО. Еве ги фактите за овој предлог на НДМ: Прво, прислушуваните материјали се неподобни за законско регулирање. Тоа е политичко прашање кое се разрешува со политички, а не со правни методи, како што во слични случаи има постапувано и Советот на Европа. Второ, Уставниот суд е правна, но во исто време и политичка институција од пресудно значење за политичките процеси во земјата. Трето, во смисла на член 73 од Деловникот на Уставниот суд, судот при одлучувањето за уставноста на законите мора да води сметка не само за правните, туку и за политичките околности во кои делува. Четврто, легитимитетот на Уставниот суд извира од интелекталниот и научниот профил на судијата со способност и за политичко резонирање. Петто, сo примената на меѓународната уставно правна доктрина и пракса на политичкото прашање (Political question), уставните судови во светот се заштитуваат од законите со политичка содржина и затоа таквите предмети им ги враќаат на политичарите“ - вели Бачев.

Тој нагласува дека приврзаниците на опозицијата и оние од „Шарената револуција„ веќе и порачаа на власта дека ги одбројуваат деновите до 18 јуни до кога бараат Уставниот суд да ја потврди уставноста на СЈО, а во спротивно ќе ја преземеле правдата во свои раце, што во превод значи граѓанска војна.

Слично

Поврзани вести