НДМ: Македонија мора да добие шанса да се изјасни за членство во ЕУ
Народно движење за Македонија денеска до Собранието достави иницијатива за распишување на консултативен рефередум за членство на Македонија во Европската Унија.
Македонија мора да добие шанса да се изјасни за членство во ЕУ, велат од НДМ.
Иницијативата опфаќа две фази. Првата фаза е денешната иницијатива на НДМ до Собранието самото тоа да распише референдумот по сопствена иницијатива според член 20 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.
„Не е спорно дека прашањето за членство во ЕУ е прашање од пошироко значење за Република Македонија. Земајќи предвид дека од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум до денот на одржувањето не можат да поминат помалку од 60 ниту повеќе од 90 дена, останува да Â видиме дали Собранието ќе дејстува во овие законски рокови. Меѓутоа, доколку Собранието не распише референдум по сопствена иницијатива, по 90 дена ќе следи втора фаза за собирање на 150.000 потписи. Поточно, НДМ ќе ја искористи втората можност од член 20 од Законот преку граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум која се смета за покрената ако најмалку 150.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата. Во таков случај, Собранието е должно да распише референдум“ - објаснуваат од партијата.
Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните дава можност Собранието по сопствена иницијатива да распише референдум за консултирање на народот за прашања од пошироко значење за rепубликата.
