НДМ: Македонија да ги затвори границите за мигранти, ако треба да се стави и ограда
Од Народното движење за Македонија, бараат да се затворат границите за мигрантите, бидејќи како што велат, ова било почеток за поставување на сцената за внатрешна дестабилизација на земјата.
„Народно движење за Македонија очекува државниот врв најпосле да ја согледа вистинската опасност за земјата од големиот број мигранти по инцидентот на граничниот премин „Богородица„ каде мигрантите нападнаа полициски службеници со што започнаа да стануваат и насилни" - се вели во соопштението НДМ.
Тие бараат дури и да се постават заштитни огради на границите за да се спречи протокот на мигранти во државата.
,,Македонија веднаш да ја затвори границата, а доколку околностите го налагаа тоа да биде поставена и заштитна ограда, бидејќи само така ќе може да се одговори на сериозниот предизвик пред кој е исправена земјата од влезот на илјадници мигранти дневно на нејзината територија“, стои во соопштението.
Од НДМ бараат државата да прекине да ја игра ,,писарската улога со издавањето на соодветни потврди на бегалците и нивно евидентирање'' и да почне оваа состојба да ја третира како вонредна.
